Балкан
22. November 2015 - 18:01

Туск: Слободата и солидарноста се многу посилни од насилството и стравот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска во Тирана дека „слободата и солидарноста се многу посилни од насилството и стравот“.

Тој изјави дека борбата против екстремизмот е политички долг и го оквалификува како „најголем предизвик на нашето време“.

Од своја страна албанскиот премиер Еди Рама изјави дека државата е толку под закана колку и западните демократии, но додаде дека нема место за страв и „не е неопходно да се промени ништо во секојдневието“. Туск пристигна во посета на Албанија во рамки на балканска турнеја.