Балкан
9. December 2016 - 9:01

Турското обвинителство нареди апсење на универзитетски професори, осомничени дека се ѓуленисти

Турското обвинителство нареди да се приведат 87 лица, поврзани со универзитетот во Истанбул, во истрагата насочена против следбениците на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, пренесоа локаланите медиуми.

Ѓулен е обвинет од Анкара дека стои зад обидот за преврат во Турција, што беше извршен на 15 јули.

Приватната турска телевизија Си-Ен-Ен-Турк пренесе дека полицијата извршила истовремени акции во 12 округа низ земјата, насочени против многу универзитетски професори и лидер на една мала политичка партија.