Балкан
21. December 2017 - 21:05

Турското МНР го повика вршителот на должност на ОАЕ поради објава на Твитер

Вршителот на должност на Обединетите Арапски Емирати во Истанбул денеска беше повикан на разговор во турското Министерство за надворешни работи поради твит на министер од ОАЕ.

Турските власти пред дипломатот изразиле незадоволство поради тоа што пред неколку дена министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан објави твит, во кој обвинува отомански паша дека го ограбил градот Медина во 1916 година.

На твитот денеска остро реагираше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, критикувајќи ги изречените навреди на адреса на некогашниот османлиски гувернер Фахредин-паша.

Ал Нахјан реобјави твит, во кој Османлиите се обвинуваат дека извршиле злосторства за време на Прватска светска војна. Во таа објава се обвинува Фехрудин паша, османлиски воен управник на Медина, за злосторства, меѓу кои и кражба на имот и свети реликвии од гробницата на пророкот Мухамед.

- Секоја пофалба и восхит за храброста и отпорот што Фахредин паша ги покажа во период од две години и седум месеци во одбраната на Медина. Во делириум и без нималку срам, овие бедници се толку кадарни да кажат дека Ердоган го украл светото наследство на предците и го донел во Истанбул. Тоа не е кражба, туку одбрана и зачувување на тој аманет од оние што доаѓаат таму со цел инвазија и окупација, рече Ердоган во претседателската палата во своето обраќање на средбата со претставниците на локалните власти во Турција.

- Ние многу добро знаеме со кој, каде и што прават оние кои го дигнаа гласот против така голема личност, чија одбрана на Медина е достојна за восхит. Ќе откриеме сѐ кога ќе дојде вистинското време и место за тоа, порача Ердоган.