-->
-->
Турското Министерство за здравство ја презеде контролата врз 32 воени болници
-->
Турското Министерство за здравство ја презеде контролата над 32 воени болници, пренесува БТА.
Контролата над воените здравствени институции, во 26 турски окрузи, беше предадена вчера на Министерството за здравство во рамките на преструктурирањето на војската, со цел проширување на цивилната контрола врз турските вооружени сили.
Во соопштението на Министерството за здравство е наведено дека воените болници ќе продолжат да работат без прекин, и ќе бидат достапни за лекување на граѓаните.
Турските власти, по обидот за преврат на 15 јули, соопштија дека вооружените сили во земјата ќе бидат преструктурирани со цел да се спречи обид за нов преврат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо