Турското Министерство за здравство бара затвор за сурогат мајчинство
Турското Министерство за здравство бара затворски казни за сурогат мајчинството, објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“.
Институцијата работи на предлог за криминализирање на овој вид мајчинство и бара законски промени со кои ќе бидат воведени казни затвор од две до пет години.
Министерството ќе достави предлог за законска измена, со која треба да се забрани имплантирањето на оплодена јајце клетка со цел носење на плодот од страна на друга жена.
Предлогот забранува бременост во корист на друга жена и на таков начин да се добие дете. Исто така, како криминал се смета и посредувањето во тој процес и се забранува дарување, продажба, чување, пренесување, увоз и извоз на репродуктивни клетки и ембриони.
Турскиот Казнен кодекс врз основа на Законот за дарување органи предвидува пресуда од две до пет години затвор за луѓе кои чуваат органи и ткива, добиени по нелегален пат или за тие кои ги пренесуваат или трансплантираат.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та