Балкан
18. July 2016 - 23:43

Турското Министерство за финансии отпушти 1.500 вработени во целата земја

Турското Министерство за финансии времено отпушти 1.500 вработени во целата земја поради сомнеж дека се поврзани со мрежата на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен.

Официјална Анкара го обвинува Ѓулен дека ноќта во саботата организирал обид за воен преврат, во кој загинаа над 200 луѓе. Ѓулен категорично ги отфрла ваквите обвинувања.

Претставник на Министерството истакна дека се отпуштени од работните места службеници од сите финансиски служби во Турција.

Во земјата се врши голема чистка на вработени во судството, полицијата и војската, а кои се осомничени како приврзаници на Ѓулен.