Балкан
17. July 2016 - 16:16

Турските власти ги апсат пучистите, поддржувачите на Ердоган превентивно на улиците во Анката и Истанбул

Десетици илјади приврзаници на турскиот претседател Ердоган ноќта ја минаа на улиците на Анкара и Истанбул. Додека властите уапсија речиси три илјади осомничени пучисти, граѓаните со турски знамиња ја славеа победата над заговорниците.  265 загинати, од кои 104 бунтовници и над 1.400 ранети е црниот биланс од неуспешниот обид за воен пуч во Турција кој траеше десетина часа. Под сомневање за поврзаност со обидот за државен удар, турските власти издадоа наредба за апсење на 2.745 судии и обвинители, уапсен е и командантот на воено-воздухопловната база во Јужна Турција, Бекир Ерџан Ван, а суспендирани се и пет генерали и близу 30 полковници.  

За обидот за преврат на Турција, претседателот Ердоган дирекно ги обвини приврзаниците на 75-годишниот муслимански свештеник Фетхулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија. Ердоган веќе подолго време обвинува дека Ѓулен неговиот поранешен сојузник, а денес негов најголем непријател, има создадено паралелни структури во државните институции и дека има за цел да ја симне турската влада. Ердоган ги повика американските власти да го екстрадираат Ѓулен во Турција.    

„Велев дека вие треба или да го депортирате тој човек или да ни го предадете, но бев бев слушнат. Сега по овој обид за певрат, повторувам: Предадете и го на Турција, истакна Ердоган и додаде дека Ѓулен, кој живее во американската држава Пенсилванија е на листата терористи по кои трага Турција.

Ѓулен пак кој 15 живее во Пенсилванија, ги отфрли ваквите обвинувања. Тој јавно го осуди обидот за државен удар и ја отвори можноста тоа да е сценарио на турската влада.

"Јас сум човек кој верува дека, демократијата не може да се постигне, републиканската влада не може да биде заштитена и интеграција на Турција во светот не може да се постигне преку државни удари. Постои можност тоа да било сценарио подготвено од турската влада. Тоа е како да гледате низ ролетни, но јас ја оставам вратата отворена за таа можност, рече Ѓулен.

Американскиот државен секретар Џон Кери пак тврди дека Турција официјално не побарала екстрадиција на Ѓулен, а САД на тоа ќе се согласи само доколку Анкара покаже јасни докази за вмешаноста на муслиманскиот свештеник во државниот удар.

Американскиот претседател Барак Обама утрово уште еднаш ја потврди поддршката за демократски избраната, граѓанска власт во Турција. Претседателот и неговиот тим изразуваат жалење за човечките жртви и ја истакнуваат суштинската неопходност сите страни во Турција да го почитуваат владеењето на правото и да избегнуваат дејствија, кои би довеле до нови насилства или нестабилност, соопшти Белата куќа, по состанокот на тимот за национална безбедност на САД кој го свика Обама, поради случувањата во Турција.