Турските власти досега смениле три четвртини од окружните полициски началници
Турските власти смениле три четвртини од окружните полициски началници во рамки на истрагата која започна во јули по неуспешниот обид за воен преврат, објави денеска Службениот весник во земјата.
Од 15 јули досега во Турција се уапсени 35.000 лица, а сменети или отстранети од работните места се над 100.000 луѓе во државниот сектор, судството, полицијата... Официјална Анкара соопшти дека има намера да ги искорени поддржувачите на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и кој е обвинет дека го организирал обидот за пуч. Ѓулен ги отфрла ваквите обвиненија.
Полициските раководители на 61 од 81 округ во Турција биле прераспоредени на должности надвор од нивните окрузи, според указ, објави Службениот весник. Во соопштението не се наведува кога стапиле на сила смените на работните места.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите