Свет
4. February 2017 - 10:46

Турските сили ликвидираа над 50 борци на ИД во северна Сирија

Најмалку 51 борец на џихадистичката група Исламска држава (ИД) се убиени при операција на турските сили во северниот дел на Сирија, соопшти Генералштабот на Армијата на Турција.

Во соопштението се посочува дека турски авиони извршиле напади врз 59 цели на ИД во реонот на градовите Ал Баб и Бзага, при што биле уништени 56 станбени објекти и три командни центри на џихадистите.

Меѓу убиените припадници на ИД се и четвроца локални џихадистички команданти.

Според западни медиуми, во исто време, авиони на меѓународната антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, извршиле осум напади врз цели на ИД во реонот на Ал Баб.