Балкан
16. October 2017 - 21:24

Турските безбедносни сили задржаа 107 наводни членови на ФЕТО

Турските безбедносни сили денеска задржаа 107 наводни членови на организацијата на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен - ФЕТО, што Анкара ја обвинува за минатогодишниот неуспешен обид за државен удар во Турција. 

Турската полиција спровела десетина акции во неколку турски окрузи. 

Од приведените, 35 се војници, од кои 20 се припадници на турските воздухопловни сили. 

Тројца наводни членови на ФЕТО се задржани во округот Одрин, при обид да ја преминат границата со Бугарија. 

Утврдено е, дека повеќето од задржаните ја користеле апликацијата Бајлок, што беше употребувана при подготовките за пучот што се случи на 15 јули 2016 година во Турција.