Балкан
21. July 2016 - 18:48

Турскиот Парламент изгласа воведување вонредна состојба

Турскиот Парламент одобри воведување вонредна состојба во државата.

Пратениците го поддржаа барањето со 346 гласа „за“ и 115 „против“.

Вонредната состојба, како што претходно изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе трае три месеци.

Тој истакна дека оваа одлука е согласно Уставот и наведе дека целта е брзо и ефикасно да се преземат мерки против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Ердоган  изјави дека Европејците немаат право да ја критикуваат одлуката на Турција за воведување вонредна состојба.