Балкан
27. May 2016 - 14:53

Турски воени авиони го нарушија грчкиот воздушен простор

Шест турски борбени авиони, кои летале во формација, и четири авиони кои летале одвоено, извршиле осум нарушувања на грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море, објави весникот „Катимерини“. 

Од десетте турски авиони, два биле вооружени, според грчки воени извори, кои соопштија дека сите турски авиони биле протерани од страна на грчки авиони.