Турски туроператори ќе ги разгледуваат можностите за соработка со Македонија
Делегација од Асоцијацијата на туристички агенции и туроператори (ТУРСАБ) од Истанбул денеска е во посета на Македонија каде ќе оствари средби со македонски компании од Сојузот на стопански комори и ќе се разгледаат можностите за соработка.
Покрај средбите, ќе се одржи и работилница за зголемување на потенцијалите за соработка во туризмот меѓу Македонија и Турција.
- ТУРСАБ заедно со „Туркиш Ерлајнс“ и компаниите членови на Туристичко-угостителската комора (ТУК) ќе ги детектираат потенцијалите за проширување на туристичкиот пазар, зголемување на соработката во поглед на досега најповолна аткрактивна понуда за македонските туристи, велат од ССК, кои се домаќини на настанот.
Планирано е да се одржи и прес-конференција на која ќе се обратат Аркан Керим, претседател на Туристичко – угостителска комора при ССК, Ела Атакан, директор за корпоративни врски ТУРСАБ и Пинар Ајваз Арикан, генерален директор на Туркиш Ерлајнс во Македонија.
Туристичко-угостителската комора при ССК има потпишано меморандум за соработка со ТУРСАБ за зајакнување на соработката во туризамот, зголемување на соработката меѓу реномирани туристички агенции, хотели, ресторани од двете земји, преку подигнување на квалитетот на услуги коишто се нудат.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто