Турски медиуми: Бунтовниците ги убиле соборените руски пилоти
Турски медиуми попладнево објавија дека двајцата руски пилоти, кои се катапултирале откако нивниот авион Су-24 беше соборен со ракета истрелана од турски Ф-16, биле ликвидирани од припадници на туркменска бунтовничка група во Сирија.
- Ние ги убивме двајцата пилоти, веднаш по нивното приземјување со падобран, изјавил претставник на оваа бунтовничка група за агенцијата Доган и за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Турските воени власти соопштија претпладнево дека нивни авиони собориле „странски авион“, кој го нарушил воздушниот простор на Турција.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека станува збор за руски авион кој летал во набљудувачка мисија над сириската територија и не го повредил турскиот воздушен прпстор.
Рускиот претседател, кој се наоѓа во посета на Јордан, во Аман изјави дека постапката на Турција се „нож забоден во грбот на Русија“ и ја предупреди Анкара на сериозните последици поради соборувањето на авионот.
- Авионот летал над Сирија и бил одалечен четири километри од границата, изјави Путин на заедничката прес-конференција со јорданскиот крал Абдула.
Претходно, турски премиер Ахмед Давутоглу ја оправда постапката на армиајта, објаснувајќи дека Турција мора да ги брани своите граници и својот воздушен простор.
Независни набљудувачи објаснуваат дека рускиот авион паднал во реонот на планината Туркмен, населен со припадници туркменската етничка заедница, која се протега низ делови од северна Сирија и Ирак.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација