Бизнис
20. April 2017 - 19:43

Турски ИТ и здравствени компании заинтересирани за вложување во Македонија

Турски ИТ и компании од здравствениот сектор се заинтересирани за вложување во Македонија. Дваесетина фирми од Измир покрај што имаат интерес за вложување, во земјава се и за да побараат партнери со кои заеднички би настапувале на трети пазари.

- Присутни се компании од Турција од ИТ-областа кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија и да отворат свои претставништва, како и фирми од здравствениот сектор, производители на фармацевтски производи, медицински помагала да ги пласираат нивните производи тука. Како МАТО стоиме на располагање да ги поддржиме во нивните намери, изјави Марија Томевска, потпретседател на МАТТО.

Економската размена меѓу Макеоднија и Труција е на високо ниво и изнесува 450 милиони евра. Соработката меѓу компаниите од двете змеји треба да овозможи поголема трговска размена.

- Се надеваме дека ќе имаме можност да воспоставиме соработка и контакти за компаниите од ИТ секторот и здравствените услуги и оти преку постигнатите добри резултати ќе придонесеме за соработката помеѓу двете земји, а во Турција ќе се вратиме со успешни резултати, изјави Емре Илалан.

Турција влегува во групата најголеми инвеститори во земјава, а п олитчката состојба во двете земји не треба да биде пречка за зголемување на соработката, велат од двете комори.