Турски ИКТ компании и производители на мебел заинтересирани за производство во Македонија
По учеството на саемот Match4Industry Business Matching во Коџаели од 2 до 3 ноември годинава што го организира Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), турски ИКТ компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија кое би се извезувало во ЕУ.
Во Скопје, пак, денеска доаѓа делегација од Кајсери, Турција, која ќе ги скенира бизнис климата и можностите за инвестиции и деловна соработка. Делегацијата ја предводи валијата Сулејман Камчи, а во неа, освен претставници на градот, се и бизнисмени од областа на туризмот кои ја промовираат Кападокиа и развиваат зимски туризам.
Кајсери е милионски град во средна Анатолија, особено познат по текстилната индстурија и производството на деним - ткаенина за шиење фармерки и тоа на брендовите Левис, Вранглер, Рајфл и Дизел. Во градот се развиени и земјоделството, производството на мебел, дрвната и прехранбената индустрија (Улкер е најпознат бренд), градежништвото, транспортот, туризмот (Кападокија, зимски туризам), а економијата базира главно на странски инвестиции и глобални пазари.
Извозот на мебел од Кајсери надминува една милијарда американски долари годишно. Овој град со 1,2 милиона жители има 3.500 фабрики кои вработуваат 40.000 работници.
- Овој град со традиционално мануфактурно производство и Стопанска комора основана во 1896 година, почна со индустријализација во 1926 година кога се отвори фабрика за производство на авиони со помош на Германија и тогашната СССР. Од либерализацијата на турската економија во 80-те години до денес, Кајсери стана глобален економски оператор, центар на текстилна индустрија. Фабриките во Кајсери се снабдувачи со деним на Европа. Од вкупното светско производство на деним еден отсто се произведува во Кајсери, информира МАТТО.
Компаниите од Кајсери, освен на западните пазари извезуваат и на пазарите на Блискиот исток, Кавказ, Балкан и Централна Азија.
Делегацијата од Кајсери е четврта оваа година што доаѓа во Македонија по делегациите од Измир, Адијаман и Коња. МАТТО за декември најавува уште една посета, на делегација од Бандирма.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари