Балкан
22. September 2015 - 9:47

Турски град ќе замени споменик на Ататурк со скулптура на филџан за чај

Локалните власти на турскиот црноморски град Ризе распишаа референдум на кој жителите треба да се изјаснат за предлогат за замена на постојниот споменик на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк со скултура на филџан за чај, јави турската телевизија НТВ. 

Ваквата идеја, која наиде на противречни реакции, е иницирана во рамки на проектот за модерниција на „Плоштадот на Републиката“ во Ризе, која ја финансираат локалните власти. 

Градоначалникот на Ризе, Решат Касап најави дека за време на градежните работи на плоштадот, споменикот на Ататурк времено би бил поставен пред заградата на локалната самоуправа, а потоа граѓаните дополнително ќе решаваат за неговата судбина.