Турски бизнисмени од Адијаман ги истражуваат можностите за соработка со македонски компании
Текстилната индустрија, производството на мермер, земјоделството, сточарството, рударството и туризмот се секторите за кои се заинтересирани да соработуваат бизнисмените од Адијаман, Источна Турција кои денеска претстојуваат во Македонија.
На бизнис форумот, што се одржа во Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО), беа презентирани потенцијалите за инвестирање во Македонија, а се одржаа и тет-а-тет средби со цел да се разгледаат можностите за соработка меѓу македонските и турските компании.
- Македонија е една од позначајните држави во која може да се инвестира и транзитно да се работи на сите пазари со кои државата има слободна трговија. Се надевам дека оваа денешна средба ќе вроди со плод. Сакаме да ги збратимиме и Градот Скопје со Адијаман, изјави Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО.
Трговската размена меѓу Македонија и Трција минатата година била 420 милиони американски долари, но од Стопанската комора на Адијаман сметаа дека има потенцијал за интензивирање на оваа соработка.
- Трговската размена изнесува околу 400 милиони американски долари, но сметаме дека тоа не е доволно. Токму затоа сме присутни тука со цел да се интензивира размената. Ова е само почеток на нашата идна соработка и ќе ни биде задоволство во блиска иднина да ни бидат гости претставници од МАТТО, истакна Мустафа Услу, претседател на Стопанската комора на Адијаман.
Според шефот на трговското претставништво на Република Турција во Македонија, Буњамин Кутлу, Македонија има поволни услови за инвестирање и затоа е упатена покана за соработка до турските бизнисмени.
- Организираме разни програми и активности со коишто овозможуваме турските компании да дојдат во Македонија и да се запознаат со условите за инвестирање, но истовремено организираме и програми со кои стопанствениците од Македонија ги испраќаме на саеми во Турција каде воспоставуваат контакти за идна соработка, рече Кутлу.
На денешниот македонско-труски бизнис форум присутни се компании од прехранбената и текстилната индустрија, градежништвото, рударството и туризмот.
Турските бизнисмени пред посетата во Македонија, беа во Србија, а потоа заминуваат за Косово.
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција