Балкан
21. July 2015 - 8:47

Турската полиција употреби солзавец против антивладините демонстранти во Истанбул

тотици демонстранти синоќа се собраа во близина на плоштадот Таксим во Истанбул по бомбашкиот атентат во Суруч, за кој турските власти ја обвинија екстремистичката група Исламска држава, пренесе БТА.

Некои од нив скандираа пароли против претседателот Реџеп Таип Ердоган и владеачката Партија на правдата и развојот (АКП): „Исламска држава - убијци, Ердоган и АКП - колаборационисти“.

Полицијата употреби солзавец и водени топови, откако мирните демонстрации прераснаа во насилство.

Според очевидци, цитирани од британските медиуми, некои од демонстрантите фрлале шишиња врз полицајците.

Курдите во Турција ја обвинуваат владата дека не направила доволно за да ја запре Исламска држава.

Забранетата Курдска работничка партија (ПКК) вчера соопшти дека владата е одговорна за атентатот во Суруч, во кој беа убиени 30 лица, главно турски и курдски студенти, обвинувајќи ја Анкара дека ја „поддржувала и култивирала“ џихадистичката група против Курдите во Сирија.