Балкан
24. October 2017 - 11:08

Турската полиција приведе 14 наводни „ѓуленисти“

Турската полиција спроведе акции во градовите Анкара, Кајсери и Шанлиурфа, по наредба на главното обвинителство во Кајсери, при што се приведени 14 лица, осомничени дека се припадници на организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен - ФЕТО, кога Анкара го обвинува за минатогодишниот неуспешен обид за преврат во Турција. 

Обвинителството во Кајсери издало налог за апсење на 19 лица, кои се осомничени поради употреба на апликацијата БајЛок, која се користише за подготовка и спроведување на пучот. 

Турската полиција се уште трага по останатите пет лица.