Турската полиција го уапси главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“
Турската полиција денеска го уапси главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, Мурат Сабунџу, а извршен и претрес во домовите на уште неколку шефови и уредници на медиумот, објави Си-Ен-Ен-Турк.
Издадени се и наредби за приведување на вкупно 13 новинари од весникот.
Засега не се соопштува причината за апсењето на главниот уредник и за претресите, но тоа се случува во момент кога Турција презема мерки против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Претходниот главен уредник на „Џумхуриет“, Џан Дјундар беше осуден заедно со својот колега Ердем Ѓул на пет години затвор, откако двајцата беа прогласени за виновни поради откривање на државни тајни. Обвиненијата се однесуваа за објавени текстови минатата година за наводни испораки на оружје од Турција за исламистички бунтовници во Сирија.
Во текот на викендот турските власти затворија 15 медиуми, а со два нови указа отпуштени се околу 10.000 државни службеници и припадници на безбедносните сили.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација