Балкан
2. October 2016 - 14:48

Турската полиција го приведе братот на Фетулах Ѓулен

Турската полиција денеска го приведе братот на имамот Фетулах Ѓулен, кој е осомничен за организирање на неуспешниот пуч со цел смена на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Кутбетин Ѓулен бил уапсен во домот на својот роднина во Газимир, во западната провинција Измир.

Тоа е прво апсење на роднина на Ѓулен  по неуспешниот обид за пуч.