Турската армија речиси ја презела контролата врз сирискиот град Ал Баб
Турската армија соопшти денеска дека се наближува крајот на нејзината операција за преземање на северниот сириски град Ал Баб од Исламската држава и дека џихадистичкиот отпор во голема мера е совладан.
Турските сили во август навлегоа во Сирија, како поддршка на бунтовниците, со цел да ги протераат припадниците на ИД од територијата во близина на заедничката граница, како и да ја спречат курдската милиција да ја заземе територијата.
Според податоци на турскиот Генералштаб, од 9 до 15 февруари во операциите на турската армија во северна Сирија биле убиени 185 борци на ИД и биле уништени три магацини со оружје, седум возила, командни центри, 210 згради и 10 одбранбени позиции.
Бројот на борците во градот е значително намален, но операцијата за неутрализирање на останатите цели продолжува, соопшти турската војска, јави ТАСС.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина