Бизнис
14. August 2017 - 21:59

Туризмот во досегашниот тек од годината со еден од најголемите растови досега

Пораст на бројот на туристи за над 18% во јуни  во однос на истиот месец  лани, регистрира државната статистика.  Од јануари до јуни пак, растот изнесува 12,6 отсто, што според познавачите е еден од најголемите порасти  во изминативе 6,7 години.  Според нив,  радува фактот што расте бројот на домашни гости, бројка која пред 3 години беше во негатива. Очекуваат  уште  подобри  резултати во пикот на сезоната

Странците најмногу се сместуваат во хотели во 4 ѕвезди, најинтересени за нив се езерските места, по што следува главниот град.   Она што туристите го бараат последните години е неконценционалниот туризам, што Македонија го има и го нуди

Статистичките податоци покажуваат дека најмногу туристи, над 10 илјади имало од Турција, над 5,5 илјади од Србуија и околу 5 илјади од Холандија, Заслужни за постојаниот пораст на туристите се активните промоции, владините субвенции и евтините авиолинии.