Балкан
2. September 2016 - 8:28

Туристите во паника: Голем пожар на Закинтос

На грчкиот остров Закинтос вчера попладне избувна голем шумски пожар во област која е последната преостаната зелена зона во централниот дел на островот.

Во гаснењето на пожарот учествуваат дваесет пожарникари со 10 возила и два авиони.

Засега нема други информации, освен дека огнената стихија е во близина на селото Килиоменос.