Македонија
15. February 2016 - 19:56

Туристичките работници најавуваат дека 2015 година ќе биде подобра од лани

Туиристичките работници очекуваат  годинава да биде подобра од лани, но потенцираа дека дел од проблемите во секторот сеуште не се решени. Неколку пати побарале од министерството за економија да се намали ДДВ од 18 %  на 5 отсто на храната во угостителските објекти.  Со тоа ќе се намалат цените, а угостителите ќе станат поконкуретни. Бараат и стимулации за зголемување на бројот на домашни туристи каде е регистрирано намалување.

Туристичките работници сметаат  дека Македонија може да  заработи многу повеќе од туризмот. Очекуваат воведувањето на новите авиолинии и проширените субвенциите за туроператорите дополнително да го зголемат бројот на  странските посетители.

Лани  повеќе од 800 000 туристи ја посетиле Македонија . Најброни биле гостите од соседството, Турците и Холанѓаните. Во последниве шест години 10 милиони евра се издвоени за субвенционирање на туроператорите.