Бизнис
25. September 2016 - 18:06

Туристичката сезона продолжува во септември

Охрид привлечен за туристите и во месец септември. Со алтернативните форми на туризмот во текот на целата година се зголемува понудата и бројот на туристите во главниот туристички центар.Моментално на брегот на езерото најбројни се гостите од Холандија,Израел,Полска ,Англија,Турција  но има и од Кина ,Мексико и Јапонија.

Земјите од регионот заеднички треба да привлекуваат туристи со оглед на тоа што балканските тури се атрактивни за гостите од Далечните земји.

Подобрувањето на патната инфраструктура и изградбата на автопатските делници во државава меѓу кои и автопатот Кичево –Охрид ќе придонесе за развој на туризмот да се намали времето на патување и да се зголеми безбедноста на патиштата.