Бизнис
20. April 2017 - 19:46

Туристичката индустрија засега имуна на политичката криза

Политичката криза за сега не го  намалува  бројот на странски туристи. Пред екот на туристичката сезона, нема најава од ниту еден тур оператор за откажување на резервациите, велат од Стоапнската Комора за туризам. Напротив, очекуваат со воведувањето на директни авионилии кон 37 те европски дестинации, да се  зголеми нивниот број и да се надминат минатогодишните бројки

Бројот на туристи е во пораст. Статистките податоци покажуваат  дека во јануари и февруари  бележи раст од над 13%. Најпривлечен и најпосетуван е главниот град   Скопје. Веднаш зад него е Охрид...Голем придонес има државата со инвестиции во инфраструктурата

- Порано сите имавме слушнато за најстартиот манастир во Европа Зрзе, но поради тоа што немаше пат до таму, ретко кој го посетуваше. Сега, со инвестициите во инфраструктурата и изградбата на патишта, Зрзе ни е достапен на сите – и на  домашните, и на  странските туристи, додаде Ристеска, од Стопанската Комора за туризам

Статистичките податоци говорат дека за два месеци земјава ја посетиле 80 илјади туристи. Од нив 48,000 се странци. Ристеска очекува до крајот на годината да се надмине ланската бројка од 1.700.000 посети.