Џет-Сет
13. March 2018 - 19:14

Турците за крах на бракот ја обвинуваат Емина: Еве зошто всушност Мустафа ја остави Јаховиќ

Музичкиот пар Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се најде во центар на вниманието на медиумското внимание после информацијата дека се разведуваат.
 
Се уште се шпекулира за причините на крај на бракот, а турските медиуми за се` ја обвинуваат пејачката.
 
Главната причина за крах на бракот, наводно се парите, пишува турски магазин. Како што тврдат, Емина секоја година многу пари трошела на уредување на семејниот дом во Нов Пазар, а потрошените суми се прилично високи.
 
Во турскиот напис се наведува дека Јаховиќ последниот пат потрошила 500.000 евра, а дека во куќата направила спа, како и големо игралиште за децата со базен.
 
Тврдат дека Мустафа веќе не сакал да ги плаќа енормните трошоци на својата сопруга и дека решил да се разведе, а дека веднаш после тоа Емина се вратила во луксузниот дом во Србија.
 
Се наведува дека нејзината куќа, после сите реновирања е најскапа во градот и дека е 10 пати поскапа од недвижнините кои се наоѓаат во тој крај.