Технологија
21. September 2016 - 21:21

Турците направија вистински Трансформер: 12 инженери и 8 месеци им биле потребни за ова чудо да застане „на нозе“!

Огромните роботи што се трансформираат од возила очигледно станаа реалност - Турската компанија „Letrons“ направи вистински БМВ трансформер.
 
Станува збор за адаптирано и изменето БМВ возило, што е комплетно функционално и може да го возите како било кое друго низ улиците.
 
Но штом ќе го паркирате и ја активирате трансформација, автомобилот се претвора во огромен робот.
 
Погледнете како изгледа тоа во видеото...