Балкан
1. November 2015 - 9:19

Турците бираат нов Парламент

Граѓаните на Турција со право на глас денеска ќе излезат на втори парламентарни избори оваа година, во услови на политичка настабилност и зголемени безбедносни закани.

Изборите се одржуваат во атмосфера кога кај Турците се чувствува замор од ветувањата на партиите, за што доказ е и летаргичната атмосфера во која минуваше изборната кампања. 

Собирите во текот на оваа кампања беа далеку помалубројни и послабо посетени од оние пред изборите во јуни годинава, кои донесоа поделен Парламент во кој не можеше да се формира мнозинство за стабилна влада, што доведе и до негово експресно распуштање и распишување на нови избори. 

Според некои аналиитчари, главен виновник за предвремените избори е турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој својата амбиција за воведување претседателски систем во земјата и за зајакнување на неговта моќа, ја ставил пред интересите на земјата.

- Овие избори се еден вид последна шанса за Ердоган, смета Гарет Џенкинс, експерт за Турција при Институтот за политички истражувања „Студиска програма на Патот на свилата“.  

Џенкина смета дека потезите на Ердоган наликуваат на однесување на „очајник“, нагласувајќи оти се чини дека се ближи крајот на неговата доминација на политичката сцена во Турција.

Дали Ердоган и натаму ќе биде највлијателната политичка фигура во земјата ќе зависи од резултатите на неговата исламиско-конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП), која во јуни го загуби мнозинството во Парламентот по цели 13 години.

Во изминатава деценија АКП доминираше на партиската сцена на Турција, што му овозожи на Ердоган да ја зацврсти својата политичка моќ. На врвот на својата популарност во 2013 година, Ердоган уживаше поддршка на околу 62 процнети од населението, но сега, според најновите истражувања, повеќе од половина од Турците имаат негативно мислење за него, а само 39 проценти се уште го поддржуваат.

Ваквиот пад на популарноста на Ердоган се одрази и на рејтингот на неговата АКП, која од 49,8 проценти на изборите во 2011 година, падна на 41 отсто на јунското гласање. Дури и со ваков резултаат АКП ќе можеше да го задржи мнозинството во Парламентот, но во тоа ја оневозможи Демократска партија на народите (ХДП), во која доминираат Курдите, која освои изненадувачки 13 отсто од гласовите и доби 80 пратеничките манадати, од кои најголемиот број на сметка на АКП.

Во прсерет на овие избори последниве месеци се интензивираше насилството во Турција, откако Курдската работничка партија (ПКК) објави крај на едностраниот прекин на огнот, кој беше прогласен во рамки на мировниот преговори што ги иницираше Ердоган во времето кога беше премиер.  

Интензивирањето на судирите резултираше со стотици загинати турски војници, курдски борци и цивили и со серии воздушни напади на турското Воено воздухопловство врз позиции на ПКК во северен Ирак.

Врвот на насилството се случи на 10 октомври во Анкара, кога при напад на мировен собир загинаа околку сто луѓе. Властите како одговрни за нападот ја посочија џихадистичката група Исламска држава и организации поврзани со неа.

Но, овој најкрвав терористички напад во поновата турска историја, наместо да ја обедини Турција, доведе до нови поделби, засилкувајќи ја екстремната политичка поларизација во земјата.  

Ваквата состојба, според последните анкети на јавното мислење, не доведе до занчајна промена на расположението на гласачите, па аналитичарите очекуваат распоредот на силите во новиот Парламнет да не се разликува значително од оној по изборите во јуни. 

Анкетите покажуваа дека АКП на овие избори може да очекува меѓу 43 и 43,3 проценети од гласовите, социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП) меѓу 26,1 и 27,4 порценти, десничарската Партија на националистичкото движење (МХП) меѓу 14 и 14,9 отсто, а ХДП 12,2 проценти. Ниту една друга партија нема шанси да го мине изборниот праг од 10 отсто.

На изборите во јуни АКП освои 40,87 отсто од гласовите, ЦХП 24,95, МХП 16,29 и ХДП 13,12 проценти. 

Директорот на истанбулскиот институт „Едам“, Синан Улген смета дека намалувањето на поларизацијата во земјата ќе биде можно единствено ако по изборите в недела се формира коалициска влада на што поширока партиска основа.

Аналитичарите, како најверојатна постизборана коалиција ја сметаат онаа меѓу АКП и ЦХП, но таквата соработка ќе биде условена со барањата на социјалдемократите за секуларизација на образовниот систем и за судски постапки против лидерите на АКП осомничени за корупција. Таквата коалиција дефинитвно би им ставло крај на амбициите на Ердоган за зајакнување на неговата политичка моќ.

Коалицијата меѓу иделошки најблиските АКП и МХП се смета за помалку веројатна, бидејќи националиситте своето чество во Владата го условуваат со казнување на лидерите на Партијата на правдата и развојот оосмничени за корупција и зачувување на парламентарниот политички систем, но и со целосен прекин на мировните преговорите со Курдите.

Третта евентуална коалиција меѓу СХП, МХП и ХДП е малку веројатна, бидејќи националистите досега исклучува секаква можност за коалицирање со партијата на Курдите.

Во услови на заострени турско-курдски односи, како најмалку веројатна се смета коалицијата меѓу АКП и ХДП, иако во постизборното пазарење и таа не треба да се исклучи.  

Дел од аналитичарите се загрижени дека е можно за многу кусо време Турците и по третпат да бидат повикани да излезат на гласање за помлаку од една година.

- Сметам дека се уште е можно да имаме и трети избори, бидејќи се чини дека (партиите) не ќе можат да се договорат за коалиција, смета аналитичарот Мустафа Акај.