Турција стравува од прилив на 600.000 бегалци од Сирија
Турција стравува дека како последица на борбите во сирискиот град Алепо, на нејзината граница со Сирија би можеле да пристигнат околу 600.000 бегалци.
- Најлошото сценарио е за многу кусо време на турската граница да дојдат 600.000 бегалци, изјави синоќа турскиот вице-премиер Нуман Куртулмуш по седницата на Владата на Турција.
Тој нагалси дека како последица на офанзивата на сириските владини сили, поддржани од руски воени авиони, против бутовниците во Алепо, десетици илајди жители биле принудени да ги напуштат своите домови.
- Како последица на борбите 200.000 лица беа принудени да побегнат. Од нив 65.000 тргнаа кон Турција, а 135.000 се раселени низ Сирија, нагласи Куртулмуш.
Тој додаде дека досега околу 30.000 лица, главно жени и деца, пристигнале на границата со Турција, каде биле запрени поради затворените гранични премини.
- Засега наша цел е колку што е можно подолго да го задржиме тој (бегалски) бран надвор од границите на Турција... Се разбира, како и секогаш, ние ќе одговориме на потребите на нашите сириски браќа и ќе ги прифатиме ако биде неопходно, истакна Куртулмуш, додавајќи дека Турција досега примила 2,7 милиони бегалци и дека не може да го носи сама целиот товар на бегалската криза.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци