Балкан
26. March 2016 - 10:02

Турција се враќа кон теророт од 90-те години

БТА - Софија

Во Турција беа погребани жртвите од последниот терористички атентат во Анкара, во кој загинаа 37 души, а над 125 луѓе беа ранети. Илјадници луѓе - ожалостени семејства, блиски, колеги, политичари, луѓе од различни слоеви и возрасти, дојдоа на погребните церемонии. Заедничко и трагично е што сите жртви беа невини - убиени студенти кои бомбите ги разнесоа додека чекаа на автобуска постојка, граѓани кои се шетаа во неделата вечерта крај паркот. Само во последните пет месеци во трите терористички напади во Анкара загинаа 163 лица.

Триесет и пет организации на иселеници од Бугарија и од Балканот, и од Истанбул и други градови го посетија плоштадот Кизили во Анкара, каде беше извршен терористичкиот атентат претходната недела. Тие положија каранфили на местото каде експлодираше автомобилот-бомба.

Џихадистите од Идил ја презедоа одговорноста за бомбашкиот напад во октомври минатата година, кога загинаа над 100 души. Нападот во февруари годинава, во кој беа убиени 29 души - поголемиот број војници, беше извршен од курдската милитантна организација Јастреби на слободата на Курдистан (ТАК), кои се дел од структурата на Курдската работничка партија (ПКК) - прогласена за терористичка организација од Турција, а исто и од страна на САД и други држави.

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш посочи дека еден од двајцата самоубијци кои со автомобил полн со автомобил се паркираа меѓу два автобуси на централниот плоштад Кизили во Анкара во неделата и беа разнесени со бомбите, е студентка - Сехер Демир, активистка на ПКК.

Атентатите предизвикаа директен пораст на гневот и омразата против бунтовниците на ПКК, дури и меѓу луѓе кои во принцип го поддржуваат процесот за мирно решавање на курдскиот проблем кој започна пред неколку години од турската влада. Во јуни минатата година, многу луѓе во Турција гласаа за прокурдската Демократска партија на народите и за нејзиниот лидер Селјахадин Демирташ. Но за тоа време ПКК, која од 1980 води бунт против турската држава, во кој беа однесени животите на повеќе од 40,000 луѓе, излезе од Турција во планината кандил и објави примирје.

Сега многу луѓе - Турци, но и Курди, се прашуваат збунети: „До каде ќе стигнете со бомбите?“, „Зошто убивате невини“ и ја проколнуваат ПКК: Во самите курдски средини исто има спротивности по прашањето за ПКК - едни се против неа, други ја поддржуваат.

Ден пред нападот во Анкара, Дуран Калкан, еден од лидерите на ПКК, објави дека „решиле да дејствуваат заедно со други 10 организации, кои се со левичарски наклонети“.

Аналитичарот Орал Чалшлар, еден од поддржувачот на процесот за мирно решавање на курдскиот проблем, смета дека е тоа многу опасно.

- Многу е алармантно и опасно што ПКК го прифаќа теророт како решение за решавањето на курдскиот проблем, рече тој. Според него, курдските партии (претставената во парламентот Демократска партија на народите и другите курдски формации) треба да водат легална политика, дистанцирајќи се од насилството и теророт.

За точка на прекин на затишјето на теророт во Турција се смета датумот 22 јули 2015 година, кога во селото Џејљанпинар од заседа беа убиени двајца турски полицајци со куршуми во глава од бунтовници на ПКК.

Лидерот на Демократската партија на народите (ДПН) Селјахадин Демирташ и други курдски политичари наместо да ги осудат убиствата и да се оттргнат од ПКК, замолчеа.

Следуваа повици кон населението во историскиот кварт Сур во Диарбекир да се копаат ровови, да се подигнуваат барикади, да се спротивставуваат на властите, кои испратија поддршка за бунтовниците. Додека властите во Анкара преземаа иницијативи за решавање на курдскиот проблем, водеа преговори со Абдула Оџалан за сопрање на огнот и повлекување од Турција, се разбира дека ПКК ги „засилувала редовите за конечниот бој“. Организацијата сега располага со најсовремено оружје, сериозно финансирање и луѓе.

Додека на почетокот бунтовниците напаѓаа и убиваа војници и полцаијци, сега на нишан се цивилното и незаштитеното население.

Турција се враќа кон 90-те години, кога теророт насекаде царуваше. Тогаш ПКК пак фрлаше бомби во молоите, на најпосетуваните места во Истанбул, во одморалишта, со кои убиваа невини и незаштитени луѓе, меѓу кои и многу странци.

Сликата се повторува. Пак се појавија масовни убиства меѓу незаштитените луѓе - кога одат или се враќаат од работа, кога излегуваат да прошетаат... безграничниот терор и насилствата се веќе дел од живото на турското општество.

- Трагично и сурово е то некои убиваат или провоцираат да бидат убивани невини луѓе во име на „заштита на правата на курдите“ или „в име на слободата на курдскиот народ“. Тоа не може и не смее да биде оправдување за каков и да е терор. Атентатите на ПКК нема да доведат ниту до демократско решение, ниту до слобода,туку само до болка и гнев кои ќе ги втераат и самите курди во хаос, коментира Орал Чаршлар.

Разликата со 90-те години е што сега до границите на Турција веќе пет години се води војна во Сирија. Откако војната пламна, сирискиот претседател Башар Асад ги повлече своите војски од сириските територии населени со курди. Економскиот и јавниот живот на териториите од кои армијата излезе се организирани од Силите за заштита на народот, кои се тесно поврзани со ПКК и се тврди дека нивната крајна цел е да ја отцепат областа југоисточна Анадолија од Турција.

Многу луѓе во Турција веќе тешко можат да си објаснат со каква цел се атентатите на ПКК, кои предизвикаа и меѓународни реакции. Дали водат војна правејќи си планови да станат господари во регионот, или се „на услуга на плановите на друга држава“ или пак исполнуваат некакви „матни цели“, коментираат аналитичари.

По терористичкиот напад во Анкара првиот заменик-претседател на Советот за одбрана на Руската федерација, Франц Клинцевич, изјави дека „е јасно дека терористите во Турција имаа за цел да предизвикаат хаос, да ја принудат Анкара да ја испрати својата армија во Сирија, што пак ќе доведе до вмешување и на соседните држави“.

Според аналитичарот Мурат Јеткин, „терористичките организации од најразличен вид, арената на која се одвива војната во Сирија, сакаат да ја претворат во плац за борба за надмоќ и за расчистување на сметки“.

Во врска со тоа се коментира дека терористичките организации, како ПКК, коалицираат со други организации и заедно планираат и со порачуваат една на друга извршување на атентати. Тоа објаснува и зошто понекогаш една или друга организација ја презема одговорнста за конкретен напад, а друга негира и тоа одзема време за откривање на извршителите.

- Можеби зад некои од нив стојат разузнавачките служби чија цел е да предизвикаат Турција прва да го наруши примирјето во Сирија, потенцираат специјалисти за безбедност.

Истовремено се повеќе јавно се коментира и за одговорноста на турската влада за сопирање на теророт. Многу луѓе си го поставуваат пташањето доволни ли се мерките кои владата ги презема.

- Огнот гори таму каде ќе се запали, стои во една турска поговорка. Турското општество го очекуваат тешки денови. Аналитичари прогнозираат деа конфликтот меѓу ПКК и турските власти ќе се продлабочува, посебно околу деновите на курдската Нова година на 21 март, за што и САД испратија предупредување за можни атентати.

Истовремено, аналитичари посочуваат дека единствениот пат за решавање на курдфскиот проблем е прекин на војната во Сирија и обновување на преговорите со турската влада за сопирање на огнот од страна на ПКК.