Балкан
12. January 2017 - 12:35

Турција се надева дека администрација на Трамп „ќе ја исправи грешката“

Турција се надева дека новата американска администрација предводена од Доналд Трамп „ќе ја исправи грешката“ која ја направи Вашингтон кога договори сојузништво со милитантнат група на сириските Курди - Сили за заштита на народот во борба против Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за одбрана Фикри Ишик.

Турција ги смета Силите за заштита на народот за огранок на екстремистичката група Курдска работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во САД и Европска унија.