Свет
20. February 2017 - 14:14

Турција сака да купи руски ракетни системи С-400

Турција пројави интерес за руските противвоздушни ракетни системи С-400 и се водат преговори за евентуална достава, изјави директорот на руската државна корпорација „Ростех“, Сергеј Чемезов на Меѓународната изложба на оружје и воена техника ИДЕХ-2017 во Абу Даби.

Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик во ноември минатата година изјави дека Анкара води преговори со Москва за купување на ракетни системи С-400.