Балкан
12. May 2017 - 9:18

Турција: Приведени се 53 поранешни вработени во берзата поради осуетениот пуч

Турската полиција приведе денеска 53 поранешни работници во истанбулската берза поради наводни врски со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал осуетениот обид за преврат во јули минатата година, пишува весникот „Хабертурк“. 

Рациите се спроведен рано утринава, а при операцијата на турската полиција извршен е претрес во 70 куќи. 

Турското обвинителство наложило притвор за 102 лица во рамките на истрагата. 

Ѓулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрла обвиненија дека стои зад неуспешниот пуч во Турција. 

Околу 40.000 лица се уапсени поради навнодни врски со осуетениот обид за преврат, од 15 јули 2016 годоја. Под истрага беа уште 150.000 лица. 

Во рамките на истрагата, околу 145.000 државни службеници, припадници на безбедносните сили и академци се суспендирани или сменети од функциите.