Loading Video...
Свет
16. April 2017 - 18:56

Tурција одлучува дали Eрдоган ќе ја добие целосната моќ да владее со земјата

Две лица загинаа во оружена престрелка во Турција за време на референдумот за уставни измени.. Инцидентот се случил во провинцијата Дијарбакир меѓу две семејства кои биле излезени на гласање.. Се претпоставува дека причина за престрелката меѓу семејствата била несогласувањето во политичките ставови.. 

Турција денеска одлучува за одобрување измени во уставот.. Со гласот „ДА“ на турските граѓани, ќе се прошират овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.. Измените предвидуваат наместо парламентарен да се воведе претседателски систем.. Со ова Ердоган ќе има право да поставува министри, да го крои државниот буџет, ќе управува со целата администрација.. Според анкетите за јавното мислење, мала предност има гласот за одобрување на уставните измени..

Предлогот за уставни измени ја подели нацијата.. Ердоган и неговите поддржувачи сметаат дека се неопходни промени за постоечкиот устав за да се спречат безбедносни и политички предизвици со кои се соочува Труција..

За противниците, референдумот е чекор кон голема диктатура во земјата..Лидерот на главната опозициска партија, кемал Килич-Дароглу предупреди дека Турција одлучува дали сака да остане демократски парламентарен систем или со земјата да владаее еден човек..

Тој предупредува дека исходот од референдумот ќе ги обликува и заострените односи на Турција со Европската унија.. Се претпоставува дека во случај на убедлива победа, Ердоган ќе го прекине процесот на евроинтеграција и ќе почне да создава алтернативни стратешки партнерства..

Инаку На денешниот референдум право да гласаат имаат околу 55 милиони турци.. Се гласа во повеќе од 167 илјади избирачки места..

Доколку мнозинството од луѓето кои излегле на референдумот го дадат гласот „ДА“, новиот систем ќе стапи на сила во ноември 2019-та година кога ќе се одржат претседателските и парламентарни избори..