Свет
3. October 2017 - 10:25

Турција: Налог за апсење на 112 осомничени за врски со т.н. ФЕТО

 Турските безбедносни сили спроведуваат операција за приведување на 112 осомничени членови на т.н. ФЕТО (Фетулахистичка терористичка организација) обвинети од Анкара за организирање обид за државен удар во Турција во јули 2016 година.
 
Според електронското издание на „Сабах“, операцијата се одвива во областите на Истанбул, Бурса, Џизре, Коџаели, Нигде, Сакарија, Шанлурфа и Ризе.
 
Утврдено е дека лицата за кои се издадени налози за апсење биле корисници на мобилната апликација БајЛок (ByLock), користена за подготовка и спроведување на минатогодишниот обид за преврат.
 
Властите ги истражуваат корисниците на апликацијата БајЛок, која беше користена исклучиво од приврзаниците на Фетулах Ѓулен