Балкан
23. January 2017 - 12:13

Турција: Над 60 турски војници на суд поради неуспешниот пуч

Десетици офицери и војници се изведени на суд во Истанбул поради наводната улога во неуспешниот обид за преврат, кој се случи во јули.

Вкупно 28 офицери и 34 војници се товарат дека го зазеле аеродромот во Истанбул ноќта кога беше изведен неуспешниот обид за пуч. 

Некои од обвинетите ги демантираа обвиненијата, тврдејќи дека биле известени дека учествуваат во воена вежба. Доколку бидат прогласени за виновни ќе се соочат со доживотен затвор. 

Турција за обидот за пуч го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живе во САД и во мометов во тек е огромна чистка на неговите приврзаници. Ѓулен го демантира обвинението. 

Денешното судење е прво во Истанбул за воени офицери. Дваесет и девет полицајци веќе се судат за наводни пропусти во претседателското обезбедување.

Дел од вооружените сили на 15 јули се обидоа да извршат преврат во неколку клучни градови во Турција, меѓу кои и Анкара и Истанбул.