Балкан
4. November 2015 - 11:53

Турција може да спроведе референдум за воведување на претседателски систем

Турција може да спроведе референдум за промена на Уставот и со тоа да биде создаден претседтаелски систем на управување. Разговорите за тоа прашање ќе се забрзаат во следниот период, изјави портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ибрахим Калан ја дадае изјавата три дена по победата на владејачката Партија на правдата и развојот која го врати парламентарното мнозинство на изборите во неделата.

– Прашањето како – претседателски систем, не може да се реши без народот. Ако механизмот бара референдум тогаш ќе биде спроведен референдум, изјави тој на прес конференција.