Турција ќе го заврши ѕидот долж границата со Сирија до крајот на февруари
Турција до крајот на февруари треба да ја заврши изградбата на бетонскиот ѕид долж турско-сириската граница, долга 911 километри, изјави турски официјален претставник, пренесува БТА.
Турската Администрација за градежништво ќе ги изгради преостанатите 700 километри од ѕидот, додаде претставникот, кој не сакаше да биде именуван, пренесуваат американските медиуми.
Изградбата на ѕидот трае веќе две години, а со неа досега раководеше Министерството за одбрана.
-Ѕидот е широк два, а висок три метри. Неговата изградба ќе биде завршена за пет месеци, но временските прилики можат да доведат до одложување, додаде турскиот претставник.
Турција веќе долг период е под притисок од своите НАТО сојузници, заради безбедносните закани, да ја затвори својата порозна граница со Сирија, наведуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море