Турција ја повика Русија веднаш да ги укине економските санкции кон неа
Во Анкара се смета за неопходно Русија во најскоро време да ги укине економски санкции против Турција, воведени после инцидентот со соборениот руски авион Су-24, изјави денеска во интервју за ТАСС министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу.
- Економијата и трговијата секогаш заземале посебно место во нашите билатерални односи. Сметаме дека е неправилно, поради овој инцидент, да дозволиме да биде нанесена штета на нашите односи, кои како резултат на повеќегодишни напори добија здрава и одржлива основа, изјави турскиот министер за надворешни работи, одговарајќи на прашањето како во Анкара се оценува потпишаниот од претседателот на Руската Федерација указ за спроведување на специјални економски мерки во однос на Турција.
Според мислењето на турското Министерство за надворешни работи, порано меѓу двете држави постоело разбирање дека трговско-економските односи не треба да се подложуваат на влијанието на политичките несогласувања.
- Наместо да ескалира сегашната напнатост, нам ни е потребна ладнокрвност и што е можно поскоро да го надминеме овој период и повторно да ги вратиме нашите односи во претходната насока. Мора да се запамети дека во спротивно, тој тажен инцидент ќе го носи со себе ризикот од долготрајни последици, а исто така ќе постои опасност од усложнување на односите меѓу нашите народи, истакна турскиот министер.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.