Турција: Челик во заштита на Високата изборна комисија
Турскиот министер за Европската унија Јомер Челик ги оквалификува како „политички мотивирани“ коментарите против одлуката на Високата изборна комисија да ги прифати како валидни гласачките ливчиња без печат од референдумот што се одржа во неделата во Турција за проширување на овластувањата на турскиот претседател.
Челик се стави во одбрана на правната рамка на Турција и транспарентниот изборен процес.
- Погрешни се политички мотивираните коментари против одлуката на Високата изборна комисија да ги прифати ливчињата без печат, нагласи Челик.
Тој исто така остро ја критикуваше позицијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во однос на турскиот референдум.
- Соопштението на ОБСЕ ги преминува границите на дозволеното.
Зошто ОБСЕ не зборува за тоа дека на приврзаниците на уставните измени на пример им беше забрането да се состанат со електоратот во Европа? Ова е доказ за пристрасниот однос на оваа организација, а ние очекуваме од меѓународната заедница објективност и непристрасност, истакна Челик.
Турскиот министер додаде дека Турција е „отворена за дијалог со Европската унија“ по сите актуелни прашања на двостраните односи.
Челик наведе дека, за разлика од мислењето на ОБСЕ, во Турција сите (учесници во предизборната кампања) слободно се сретнувале со народот.
- Во Турција е создадена здрава и транспарентна законодавна база за спроведување на избори, увери турскиот министер.
Претходно, Бирото за демократски институции и човекови права при ОБСЕ објави дека референдумот во Турција не одговарал со стандардите на Советот на Европа.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка