Трудо: Продолжува канадската поддршка за членството на Македонија во НАТО
Канада и натаму продолжува со поддршката на амбициите на Македонија за членство во НАТО и го очекува денот кога ќе ви посакаме добредојде во Алијансата, пишува премиерот на Канада, Џастин Трудо, во писмото со честитки за изборот за Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
Тој истакнува дека Канада го поздравува формирањето на новата влада, и неговиот избор кој, како што вели, доаѓа после еден тежок транизициски период, и во име на неговата земја, изразува надеж за плодна соработка во иднина.
- Сигурен сум, порачува во своето писмо канадскиот премиер, дека ќе продолжите да ја водите вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации, и на заложбите за регионална стабилност, вели Трудо во писмото.
Ви ги испраќам, истакнува канадскиот премиер, моите најдобри желби за успех во остварувањето на вашата владина програма и се надевам дека ќе имаме можност за соработуваме во остварувањето на нашите заеднички приоритети.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот