Свет
24. September 2017 - 18:26

Тропска бура го погоди Западно Мексико

Тропската бура Пилар ги погоди бреговите на Западно Мексико, носејќи поројни дождови, а утре се очекува да мине крај мексиканското одморалиште Порто Ваљарта.

Американскиот центар за урагани објави дека ветровите што ја придружуваат бурата Пилар утрово биле со максимална брзина од 75 километри на час. Во тоа време бурата се наоѓала на 95 километри јужно од Кабо Кориентес, а сега се движи кон северозапад со брзина од околу 10 километри на час.
 

Според прогнозите, во наредните два-три дена Пилар ќе остане многу блиску до брегот, но нема да добие силина на ураган.