Балкан
19. September 2017 - 9:35

Тројца затвореници ќе му посакаат „добредојде" на Зоран

Зоран Маријановиќ, кој беше уапсен во саботата, за убиство на сопругата Јелена Крсмановиќ Маријановиќ, која беше брутално убиена на насипот кај Борча во Црвенка, е префрлен во ќелија со тројца затвореници. „Добредојде" ќе му посакаат осуденик обвинет за семејно насилство, за поседување оружје и за убиство.

За одбраната на Маријановиќ се задолжени четворица адвокати. Тој се брани со молчење.

Тој беше уапсен во саботата, поради сомневање дека е вмешан во убиството на неговата сопруга, која беше убиена на 2- ри април минатата година. Се појавија многу заплети, неговиот татко тврди дека Јелена била во паралелна врска со бизнисмен и дека тие им се заканувале со животот на Јана па семејството затоа молчело.