-->
-->
Тројца полицајци повредени, 35 лица приведени во судирите во Атина
-->
Во судирите меѓу полицијата и група млади луѓе, кои синоќа во центарот на Атина ја одбележуваа годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, повредени се тројца полицајци, а 35 лица се приведени.
Грчката агенција АНА јави дека во Атина по синоќешните судири е мирно.
Младите лица фрлаа со молотови коктели, а полицијата одговори со шок бомби и солзавец.
Околу 500 луѓе синоќа се собраа во квартот Ексархија, популатно собиралиште на анархистите и место каде полицаецот Епаминондас Корконеас на 6 декември 2008 година го застрела 15-годишниот Григоропулос.
-->
-->
-->