Свет
22. February 2017 - 16:51

Тројца мигранти загинале при патување со чамец во реката Марица

Тројца мигранти загинале, откако чамецот, каде се наоѓале осум мигранти, потонал утринава во реката Марица на границата меѓу Турција и Грција. 

Осум мигранти од Пакистан се обиделе да ја преминат реката Марица со гумен чамец што се превртал во реката во округот Одрин. 

Петмина од мигрантите биле спасени од турските сили за безбедност и рибарите.