Балкан
29. December 2016 - 16:44

Тројца миганти, меѓу кои и едно дете загинаа во сообраќајна несреќа во Србија

Тројца мигранти меѓу кои и едно дете загинаа а десет се повредени    во тешка сообракајна несрека   што во раните утрински часови  се случила на автопатот Ниш Белград.  Несреќата се случила кога автомобилот во кој возачот криумчарел мигранти   со голема брзина  удрил во заштитната оргада и се превртел. Возачот е во бегство и  по него полицијата трага. Мигрантите биле државјани на Сирија, Авганистан и Ирак.

Шарли Ебдо ги налути Русите

Шарли Ебдо го изгуби човечкото достоинство. Се исмева со авионска несрека е реакцијата на Русија откако Францускиот сатиричен венсик објави серија карикатури поврзани за падот на рускиот воен авион во водите на Црното море  на 25 декември. Во инциденет загинаа 92 лица, меѓу кои и членови на познатиот руски ансамбл  за песни и танци Александров

Постигнат договор за прекин на огнот во Сирија

Владата на Сирија предводена од Башар Ал-Асад и бунтовниците договорија прекин на огнот и отпочнување преговори за средување на кризата. Договорот е постигнат со посредство на Москва и Анкара и ќе почне да важи од  полноќ.

ИС повикува на напади во Европа за новогодишните и божиќните празници

Исламска држава ги повика приврзаниците  на  џихадистичката организација   на     божиќните и новогодишните празници да изведуваат напади по продавници, трговски центри, и болници ширум Европа. Истовремено групата ги советува   муслиманите да ги избегнуваат христијанските славења.

Снег во  Турција и Грција

Обилни  снежни врнежи и студено време  ја зафатија Сверна и Централна турција, Снегот предизивка проблеми на повеке панти правци  од кои некои  се целосно затворени. Поради невремето  авиокомпанијата Туркиш Ерлајнс соопшти дека откажала 38 летови планирани за денеска и уште 26 предвидени за утре. Снежните врнежи направи проблеми во патниот сообракајот и во ГРција.