Македонија
13. August 2017 - 14:52

Тројца македонски уметници учествуваат на ликовната колонија „Палета“ во Белград

Тројца македонски уметници учествуваат на Меѓународната ликовна колонија „Палета“ во Белград, која беше отворена на 10-ти и ќе трае до 16 август.

На колонијата, која ја организира средното железничко училиште во Белград, учествуваат Зоран Јакимовски, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, и уметниците Касиопеја Наумоска и Јана Куновска.  

Покрај нив, оваа година учествуваат и уметници  од Унгарија, Црна Гора и Србија.  Тие творат ликовни дела во две техники - акрил и масло, а темите се по нивни избор и на мотиви од нивните творештва.  

Делата што авторите ќе ги создадат на еднонеделната ликовна колонија ќе бидат претставени на завршна изложба, како и во специјално подготвен каталог